Чешкиот „Блек Хок“ со капацитет од 3.410 литри вода се вклучува во гаснењето на пожарот на Голем Готен

 


Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, е опремен со т.н. „бомби“  со капацитет од 3.410 литри вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.

Дел од екипажот кој пристигна во земјава, како што информираше денеска Амбасадата на Чешка, се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари.

- Пристигнувањето на хеликоптерот претставува значаен чин на меѓународна солидарност и соработка во справувањето со кризни ситуации, информираа од Амбасадата на Чешка.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека екипажот утринава имал брифинг со Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.

30.07.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега