Собраниската расправа за разрешувањето на Зврлевски продолжува во среда

Талат Џафери денеска во 18 часот ја прекина седницата и нејзинито продолжение го закажа за в среда.

Во среда во 11 часот ќе продолжи седницата на Собранието за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Денешната дебата меѓу пратениците се одвиваше околу тоа дали Собранието работи законски ако и покрај тоа што се распишани локалните избори, може да се разрешуваат и назначуваат лица на јавни функции.

Додека ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа е незаконски, СДСМ одговори дека таа обврска не важи за Собранието, туку за извршната власт.

 

 

 

07.08.2017 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега