Ќе се подобруваат условите за работа на такси компаниите
Владата заедно со Асоцијацијата на такси превозниците ќе се заложи за подобрување на условите за работа на такси компаниите. Ова е договорено на денешната средба во Владата на премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Оливер Спасовски и Горан Сугарески, со претставници на Асоцијацијата на такси превозници- информираат од таму
Како што информират од владината прес-служба, претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси компании од Република Македонија, ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побараа измени во постоечката законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси превозот.
Премиерот Заев покажа разбирање за нивната иницијатива, изрази добра волја и подготвеност за соработка. Во таа насока предложи насоки како да се излезе во пресрет на изнаоѓање разумно решение за решавање на проблемите на такси превозниците и да се подобрат условите за работа на такси компаниите- се вели во соопштението
Претседателот на Владата ги повика и претставниците на асоцијацијата да земат активно учество преку постојана и интензивна комуникација за да придонесат со свои предлози во изработка на ефикасно и заедничко прифатливо решение.
Претставниците на Асоцијацијата на такси превозници во оваа прилика посебно ја истакнаа одличната соработка која што во континуитет ја имаат со Министерството за внатрешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа