Ограбил скопјанка пред очите на полицијата

Скопската полиција до надлежното скопско јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјанецот Н.И. (44) поради основано сомнение дека сторил кривично дело „џебна кражба“.

На 13-ти овој месец, околу 13 часот на бул. „Кузман Јосифовски - Питу“ на автобуската постројка под Железничката станица, искористувајќи го невниманието на оштетената при качување во автобус бр.5 на Јавното сообраќајно претпријатие, со протнување рака во чантата која ја носела со себе и одзел женски паричник во кој имало лични документи и банкноти во вредност од околу 2.000 денари.

По извршувањето на кривичното дело пријавениот го напуштил местото, но од страна на полициски службеници  бил забележан при што е приведен под сомнение дека поседува предмети кои потекнуваат од кривично дело. Кај пријавениот е пронајден еден женски паричник кој и е вратен на оштетената заедно со останатите одземени предмети.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Н.И. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против него се поднесени вкупно 23 кривични пријави за кои му се изрекувани и соодветни судски казни од надлежен суд. 

22.08.2013 - 13:28

најчитано сега