Нема барање за интерпелација на Таравари

ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема поднесено барање за интепрелација до Собранието за министерот за здравство Арбен Таравари.
Од партијата за Press24 велат дека воопшто не ни планирале ваков чекор и дека веста за наводната интепрелација е лажна.
Таравари вчера преку медиумите блиски до власта сам си побара интерпелација.

„ Вие немате кредибиитет и релевантност да зборите за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе....место да измислувате приказни за деца, почнете да се реформирате и да ги исчистите своите редови од криминалци и лопови, бидејќи знам дека и меѓу вас има чесни и добри луѓе, кои треба да ја водат конструктивната опозиција.
И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е “ – напиша Таравари на социјалните мрежи во изјавата која ја пренесоа дел од медиумите.

 

Извори од опозициската партија велат дека Таравари сам си измислува вести во желбата да добие простор во јавноста, наместо да решава проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 6 барања за интерпелација за министрите од Владата на Заев. На проверка на довербата пред пратениците беа испратени министрите Тевдовски, Николовски, Димитров, Царовска, Дураку и Алаѓозовски.

 

 

 

14.08.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега