По свежото утро температурите растат - ќе се врати ли пеколот?

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 степени, а дневната од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. 

Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 31 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Утре и задутре ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

 

 

 

 

15.08.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега