Искористете го убавото време, следи нов пресврт

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, најизразен на североистокот. Во северните делови ќе има услови за локална појава на грмежи проследени со пороен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8.

Температурата ќе се движи од 26 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени. 

Следува период на претежно стабилно и се потопло време. Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.

Утре и во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот. Врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот.

 

 

 

15.08.2017 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега