Приведено лице по наредба на СЈО за објавување разговори на Јутјуб

Лице со иницијали Љ.П. вечерва е приведено со полициска наредба по барање на СЈО како дел од предистражна  постапка која се однесува на објавување на прислушувани разговори на социјалните мрежи, дознава НОВАТВ од извори во полицијата.

Лицето со иницијали Љ.П. се поврзува со објавени  разговори помеѓу јавни личности меѓу кои новинари и бизнисмени кои завршија на каналот „Јутјуб“ на акаунт со назив „Тесла“. Драган Павловиќ-Латас беше помеѓу оние новинари кои во СЈО пријавија вакви злоупотреби.

Снимки од бизнисменот Јордан Камчев, но и други политичари и јавни личности се појавуваа на социјалните мрежи и тоа најпрво на профилот на приведениот Љ.П. Дел од истагата е и утврдување на мотивите за користење на овие снимки, но и начинот на кои овие сензитивни материјали дошле до ова лице.

Објавените разговори беа од интимна и приватна природа.

 

 

 

 

15.08.2017 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега