Пет судии обвинети од СЈО останаа без имунитет

Судскиот совет на седница затворена за јавност донесе одлука да им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети за злоупотреба на службената положба во предметот „Титаник 2“- пишува Мakfax.

Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи.

Кривичната судијка Верка Петковска побарала од Судскиот совет мислење за тоа како да постапи по прашањето на судискиот имунитет на кој се повикуваат петтемина судии од Управниот суд, а за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинение за сторена злоупотреба на службена должност и овластување во случајот „Титаник 2“.

 

 

 

 

17.08.2017 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега