Голем пожар беснее во штипско

Во штипското село Калапетровци избувна пожар. Зафатени се околу два хектара нискостеблеста и дабова шума.

Според командирот на Територијалната противпожарна единица Јонче Манојлов, пожарот е пријавен претпладнево, а пожарникари со две противпожарни возила веќе се на терен.

- Зафатена е нискостеблеста и дабова шума, а нашата екипа веќе го локализира пожарот, изјави Манојлов и додаде дека нема опасност од проширување на куќи во селото каде живее едно возрасно лице. 

Манајлов апелира да не се палат стрништата по жетвените активности, бидејќи поради нивното не контролирање во опасност ги доведуваат останатите земјоделски површини, но и шумите.

 

 

 

17.08.2017 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа