Мицкоски: Кандидатите за градоначалници кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ се со кредибилитет

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Сител телевизија говореше за изборот на кандидати за локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври. Досега од таму потврдија пет имиња како кандидати за градоначалници, во општините Кривогашнтани, Велес, Петровец, Куманово и Струмица.

-Тоа се кандидати за градоначалници кои што се почитувани во своите општини, во средините од каде што доаѓаат и потекнуваат. Нормално тие се резултат на една теренска анкета, консултација со граѓаните, распрашувања и врз основа на сите тие параметри констатиравме дека тие се најдобрите кадидати за градоначалници во тие општини. Мотивирани од таа причина ИК на ЦК одлучи да му ги предложи овие пет имиња за потенцијални кандидати за градоначалници, изјави Мицкоски.

Тој најави дека во периодот кој следува партијата ќе промовира и други кандидати за градоначалници, тој кажа и дека процесот на анкетирање и на распрашување е се уште во тек, така што најави дека наскоро ќе се знаат имињата на одредени кандидати.

 

 

 

18.08.2017 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега