Митев: Во општина Радовиш се реализираа многу проекти за овие 4 години

За реализацијата на огромниот број на проекти во општина Радовиш се распишани и комплетно реализирани 316 јавни огласи за јавни набавки во 4-годишниот период, истакна Коста Митев, раководител на сектор во општина Радовиш, кој денеска говореше на панел дискусијата „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“.

 

-Во овој период е создадена екипа која може да одговори на сите предизвици на сите делови во општина Радовиш. Направивме многу проекти за овие 4 години, а сите работи ги направивме согласно законот за јавни набавки и другите закони и можеме гордо да кажеме дека имаме силен тим кој може да одговори на сите наредни предизвици, додаде Митев.

 

 

 

18.08.2017 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега