Нови детали: Еве каква е состојбата на повредените од автобуската несреќа кај Велес

Петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени лица од сообраќајната несреќа, од кои двајца се на лекување на одделението за ортопедија и петмина на КАРИЛ. Исто така на Клиниката за неврохирургија има еден хоспитализиран пациент, како и уште еден на Клиниката за торакална хирургија.

Од Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ информираат дека во текот на денешниот ден дома ќе бидат пуштени тројца пациенти и во оваа здравственаустанова остануваат уште двајца од повредените во сообраќајната несреќа.

Од Општа болница Веле информираат дека сите повредени се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

 

 

 

22.08.2017 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега