Николов со отчет: Работевме посветено и покажавме како се гради и грижи, граѓаните на Радовиш знаат да го прeпознаат квалитетот

Вредноста во политиката не треба да биде она што ќе го кажат политичарите,  туку тоа што ќе направат тие, во Програмата 2013-2017 година ветивме 107 проекти, денес мадатот го заокружуваме со реализирани околу 200 проекти. Делата зборуваат за нас, истакна денес пред присутните граѓани градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов.

-Ние во изминатиот период покажавме како е да се гради,  покажавме  како треба да се грижиш за своите сограѓани, да помагаш. Нашата посветеност, реализацијата на нашата програма, и начинот на водење на политиката  вроди со плод и затоа можам  да кажам работевме и сработивме. Сработивме и многу повеќе од тоа што ветивмe, водејќи се од интересите на граѓаните реализиравме проекти кои дојдоа како нивна идеја и истите денес се реалност во општина Радовиш. Во изминативе четири години посветено не имаше на секое поле од урбаниот живот на Радовиш. Неуморно работевме со една единствена цел,  да го подобриме животот на граѓаните на општина Радовиш,  да им овозможиме барем малку поквалитетен живот од оној кој го наследивме, истакна Николов пред присутните граѓани.

Тој додаде дека делата ги прават поразлични од другите, а за нив зборуваат  резултатите. Ветено и сработено е нашиот императив, празните ветувања не се наша одлика тие им припаѓаат на нашите политички опоненти. Резултатите преточени во дела нас нe разликуваат од останатите. Она што ние го ветуваме е реално и остварливо,  Отчетот во Вашите раце е доказ за тоа, вели Николов.

Изградени 26 патишта и улици  во должина од  25,944 км.

  Изградени патишта и улици (вкупно) км 25,944
1.1 ул.Дане Трајков км 0,22
1.2 ул.бр.4 Корчо Маало км 0,271
1.3 ул. Бел Камен км 0,3
1.4 Дел од локален пат од ул.Плачковица до патен правец Р528 (ул.Коџа Баир) км 0,85
1.6 ул.бр.12 во с.Раклиш км 0,277
1.7 Регионален пат од с.Подареш до с.Смиљанци км 3,5
1.8 Локален пат од с.Калугерица до с.Подареш км 3,6
1.9 ул.бр.6 во с.Подареш км 0,42
1.10 ул.бр.19 во с.Подареш км 0,16
1.11 локален пат М6 – с.Јаргулица км 2,259
1.12 улица во с.Јаргулица км 1,361
1.13 локален пат М6 – с.Покрајчево км 2,4
1.14 улица во с.Покрајчево км 0,826
1.15 Дел од Регионален пат од с.Покрајчево до с.Злеово км 3,2
1.16 ул.бр.1 во с.Злеово км 0,25
1.17 ул.бр.19 во с.Ињево км 0,23
1.18 ул.бр.1 во с.Ињево км 1,3
1.19 ул.бр.1 во с.Воиславци км 0,492
1.20 ул.бр.1 во с.Калугерица км 0,565
1.21 Локален пат за с.Штурово км 0,32
1.22 Кружен тек на бул.Александар Македонски и ул.22-ри Октомври км 0,263
1.23 ул.бр.16 УБ2 (улица до тирз) км 0,27
1.24 улица  бр.4,12,16.1 и 17 км 0,55
1.25 ул.Шаин Маале км 0,36
1.26 Пешачка патека од с.Ораовица до манастирски комплекс Св.Георги км 1,7
ВКУПНО КМ 25,944 

 

Изградени  9 улици од бекатон  со површина од 17.585,00 м2

  Улици од бекатон м2 17.585,00
2.1 Улица во урбана заедница 5 (Габрешко маало) м2 1000
2.2 Улици во урбана заедница 4 ( Шаин Маале) м2 350
2.3 Крак 6 ти Ноември м2 9260
2.4 5 улици во с.Ораовица м2 2500
2.5 улица во с.Злеово м2 1500
2.6 улица во с.Сулдурци м2 1000
2.7 улица во с.Бучим м2 700
2.8 улица во с.Калаузлија м2 400
2.9 улица во с.Коџалија м2 875
ВКУПНО м2 17.585,00

 

Изградба и реконструкција на 5 мостови во должина од  135 м.

  Изградба и реконструкција на мостови м 135
3.1 Мост на Радовишка река во с.Злеово м 45
3.2 Мост на Радовишка река во Радовиш м 22
3.3 Мост на Ораовичка река во с.Ораовица м 24
3.4 Мост на Ињевска  река во с.Ињево м 22
3.5 Реконструкција на стар мост на Радовишка Река м 22
ВКУПНО М 135,00

10 Канализациони и водоводни мрежи во должина од  12,009 км.

  Канализациони и водоводни мрежи км 12,009
4.1 Канализациона мрежа во с.Калугерица км 1,533
4.2 Канализациона мрежа во с.Воиславци км 6,644
4.3 Дел од канализациона мрежа во с.Ињево км 1,187
4.4 Дел од канализациона мрежа во с.Покрајчево км 0,626
4.5 Дел од канализациона мрежа во с.Раклиш км 0,62
4.6 Атмосферска канализација во УБ 26 км 0,22
4.7 Зафаќање на атмосферските води на ул.Св.Спасо Радовишки км 0,2
4.8 Санација на водоводна линија на топла вода во с.Раклиш км 0,7
4.9 Дел од водоводна мрежа во с.Ораовица км 0,279
4.10 Пречистителна станица во завршна фаза    
ВКУПНО км 12,01

Изградени  и реконструирани 3 училишта

  Изградени  и реконструирани училишта бр 3,00
5.1 Изградено училиште во с.Покрајчево бр 1
5.2 Реконструкција на СОУ Коста Сусинов бр 1
5.3 Реконструкција на ООУ Орце Николов бр 1
ВКУПНО бр 3,00

Изградени  и реконструирани 3 спортски сали

  Изградени  и реконструирани спортски сали бр 28
6.1 Изградена спортска сала во ООУ К.П.Мисирков бр 1
6.2 Реконструирана портска сала во ООУ Никола Карев бр 1
6.3 Реконструирана спортска сала во ООУ Кирил и Методиј во с.Ораовица бр 1
ВКУПНО БР. 3,00

Изградени  и реконструирани 15 спортски игралишта

  Изградени  спортски игралишта бр 15
7.1 Изградено повеќенаменско спортско игралиште со трибини во СОУ Коста Сусинов бр 1
7.2 Спортско рекреативен комплекс во Урбана заедница 3 бр 1
7.3 Изградено повеќенаменско спортско игралиште со трибини во ООУ Никола Карев бр 1
7.4 Изградена фитнес зона бр 1
7.5 Изградени двојни тениски терени бр 1
7.6 Реконструкција на Градски стадион бр 1
7.7 Реконструирано спортско игралиште во ООУ Орце Николов во с.Ињево бр 1
7.8 Изградено повеќенаменско спортско игралиште со трибини во Ораовица бр 1
7.9 Реконструирано спортско игралиште во во с.Сулдурци бр 1
7.10 Изградено повеќенаменско спортско игралиште  во с.Тополница со осветлување бр 1
7.11 Реконструирано спортски терен во ООУ Коста Рацин во с.Подареш бр 1
7.12 Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Јаргулица со осветлување бр 1
7.13 Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Злеово со осветлување бр 1
7.14 Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Калугерица со осветлување бр 1
7.15 Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Воиславци со осветлување бр 1
ВКУПНО БР. 15,00

 

Изградени 14 детски паркови 

  Изградени  детски паркови (вкупно) бр 14
8.1 Детски парк Марди бр 1
8.2 Детски парк во прва урбана заедница Јавор бр 1
8.3 Детски парк во ЈОДГ Ацо Караманов (управна зграда) бр 1
8.4 Детски парк во ЈОДГ Ацо Караманов (Цветови) бр 1
8.5 Детски парк во трета урбана заедница Техналк бр 1
8.6 Детски парк во с.Раклиш бр 1
8.7 Детски парк во манастирски комплекс Св.Георги Победоносец бр 1
8.8 Детски парк во с.Ораовица бр 1
8.9 Детски парк во с.Подареш бр 1
8.10 Детски парк во с.Злеово бр 1
8.11 Детски парк во с.Ињево бр 1
8.12 Детски парк во с.Воиславци бр 1
8.13 Детски парк во с.Сулдурци бр 1
8.14 Детски парк во с.Калугерица бр 1
ВКУПНО БР. 14,00

Инвестиции во здравството во 5 апарати и реконструкции

  Инвестиции во здравството бр 5
9.1 Реконструкција и адаптација на зградата за специјалистички дејности на ЈЗУ Здравен дом Радовиш бр 1
9.2 Енергетска ефикасност и реконстукција на зградата на ЈЗУ Здравен дом Радовиш бр 1
9.3 Набавен биохемиски анализатор бр 1
9.4 Набавен мамограф бр 1
9.5 Набавен на 3Д ехо апарат бр 1
ВКУПНО км 5,00

–Дадениот збор, за нас во ВМРО-ДПМНЕ, претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа. Бројните реализирани проекти им помагаат на луѓето и со тоа го прават нивниот живот поразличен, подобар, поквалитетен во повеќе сегменти за разлика од порано. Она што нашите политички опоненти го говорат се празни зборови и нереални ветувања, затоа и неможе да им се верува. Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата помеѓу нас и нив. Свесни сме дека не ги решивме сите Ваши проблеми, свесни сме дека уште многу горливи проблеми останаа за решавање и дека не секогаш можевме да излеземе во пресрет на Вашите  барања, но продолжуваме и понатаму да работиме и со заеднички сили да ги решаваме сите проблеми, вели Николов.

Градоначалникот нагласи дека на крајот од овој четиригодишен период може да каже дека оставиле трага и белег по кој ќе ги познаваат и препознаваат идните поколенија на Радовиш.

-На крајот од овој мандат можам отворено да излезам помеѓу граѓаните на општина Радовиш знаејќи дека успеавме да го подобриме животот во општината. Цврсто сме убедени дека по победата на следните избори, ќе продолжиме да работиме посветено на создавање проекти, мерки и дела што ќе го подобрат животот на сите во нашата општина, затоа што граѓаните на Радовиш знаат да го прeпознаат квалитетот и затоа што Виe драги сограѓани заслужувате подобар живот, нагласи Николов.

 

 

 

23.08.2017 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега