Денеска е Свети маченици Аникита и Фотиј кои беа убиени поради верата христијанска
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 август.
Денеска е Свети маченици Аникита и Фотиј.
Свети Аникита беше римски комит, воен великодостијник, во град Никомидија за време на Диоклецијан. Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин. Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј. Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.
25.08.2017 - 09:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа