ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот Генерален секретаријат работи незаконски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  обвинува дека Генералниот секретаријат на Владата и нејзиниот прв човек Драги Рашковски работат незаконски.

Според Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски незаконски разрешува и поставува во најголем дел некомпетентни и неспособни партиски кадри.

- Сите овие одлуки се спорни. Сите овие решенија ќе паднат кога судовите и надлежните институции ќе се одважат и нема да потклекнуваат на притисоците од СДС, односно кога ќе почнат да постапуваат исклучиво според законот, рече Рамчиловиќ на прес-конференција.

Тој тврди дека Рашковски го ангажирал својот кум Дејан Костиќ за адвокат на владиниот Генерален секретаријат, што, како што наведе, е  е врв на непотизам и самовластие. 

Рамчиловиќ праша зошто е ангажиран адвокатот Костиќ, кога, како што посочи, Секретаријатот има правна служба. 

 

 

 

29.08.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега