Поповски: Во општина Пехчево ги реализиравме сите инфраструктурни проекти и реализирана е целата програма

Сето тоа што сме го ветиле на граѓаните ќе го реализираме, сите инфраструктурни проекти  најодговорно тврдам дека се реализирани и целата програма во делот на инфраструктурата е целосно или 100 проценти реализирана, вели градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски на денешната панел дискусија организирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе потенцирам неколку проекти кои што се важни и за општината и секако за граѓаните, тука спаѓа плоштадот во Пехчево, мултинационалното игралиште со помош на Агенцијата за млади и спорт, се изгради и нов паркинг, туристичката населба Рамна Река која што 35 години немаше струја, се воведе целосно струја, а  проектот е во вредност од 600 илјади евра. Ние во Пехчево направивме и адреналинска патека која што е единствена во Македонија, направивме туристичко езеро, пристапен пат до манастирот Света Петка, ова се само дел од проектите кои што ги потенцираше Поповски.

Тој истакна дека Пехчево преку Министерството за образование влезе на картата за екскурзии кои ги прават училиштата, бидејќи Пехчево има што да им понуди и тие да се запознаат со комплетната флора и фауна на градот.

-Во поранешна Југославија морам да кажам дека бевме втор град по процент на вработеност ние во Пехчево имаме 3.000 жители, а 2400 во минатото биле вработени, но денес имаме само 800 вработени. Денес се работи на тоа да се зголеми вработеноста и да се врати вработеноста во градот, работиме на тоа да мотивираме бизнисмени и правиме неколку урбанистички планови и се надеваме дека некој тоа ќе го препознае и ќе инвестира, вели Поповски.

 

 

 

29.08.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега