ВМРО-ДПМНЕ: СДС не работи за доброто на граѓаните и државата

Поради криминално-расипничкото однесување владата на СДС не отпочна ниту еден посериозен инфраструктурен проект за првите три месеци. Единствено што направија е задолжување на државата, укинување на покачувањето на пензиите, намалувањето на платите и најавите за покачување на струјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС очигледно не само што нема намера да реализира нови проекти, туку нема намера и заинтересираност да ги доврши постојните проекти кои веќе се пред финална фаза. Ветуваа 600 километри нови автопатишта, а не можат да пуштат во употреба автопатишта кои се веќе завршени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Жртва на неспособноста на СДС се и автопатот Кичево-Охрид, автопатската делница Демир Капија-Смоквица и Штип-Миладиновци кои се во целосен застој, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, се вели во реакцијата, не работи за доброто на граѓаните и државата, СДС работи согласно теснопартиските потреби.

-Ароганцијата во која е влезена владата на Заев ќе им се удри од глава. Кога ќе замине неспособната гарнитура од власт ќе одговара и за хаосот во кој што ја втурна државата, но и за криминалите и незаконските дејствија во кои се впуштија.

 

 

 

 

30.08.2017 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега