Денеска е ден на светиот пророк Самуил - размислете на овие зборови и гледајте како животот се менува

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август.

Денеска е Св. пророк Самуил.

Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород. На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живееше и растеше со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот. Тој е последниот од редот на судиите во Израилот. Тој го помаза и првиот цар на Израилот Саул, а после Самуловото отпаѓање и прекрасниот и славен Давид. Беше омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт.

Тој знаел да го разбуди кај луѓето чувството на патриотизам и љубов кон најблиските.

 

 

 

02.09.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега