Денеска е голем празник - направете ги народните обичаи поврзани со овој ден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август.

Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други.

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан. Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силим¬врија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.

Народот верува дека овој ден е погоден за средби и обновување на пријателства, за сите да имаат мир и благосостобја во текот на зимата.

 

 

 

04.09.2017 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега