Детали за страотната сообраќајка во Скопје - четири лица повредени
Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествуваа три возила, а се случи вчера околу 14 часот и 40 минути на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале „Ауди“ управувано од скопјанец, 20-годишниот Н.Ш. „Дачиа Логан“ со која управувал Т.В. (55) од Скопје и „Ивеко“ управувано од 37-годишниот кумановец Г.В.
Со возило на Итна медицинска помош тројцата возачи и сопатникот од автомобилот „Дачиа“, Е.Ч. (35) од Русија биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде од страна на лекар им се констатирани телесни повреди.
Г.В. и Е.Ч. по укажаната лекарска помош се пуштени, додека другите две лица се задржани на понатамошно лекување.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа