Нормализиран сообраќајот по несреќата на автопатот Неготино-Гевгелија

Сообраќајот на автопатот А-1 Неготино-Гевгелија кој беше прекинат поради сообраќајна несреќа е нормализиран во 9 часот и 55 минути.

Сообраќајот на оваа делница беше во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвиваше со наизменично пуштање.

Сообраќајната несреќа се случила околу 7 часот, во која возило со унгарски регистарски таблички,  излетало од патот, а со тешки телесни повреди се здобија маж и жена кои се превезувале во него. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

 

 

 

05.09.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега