Југоносталгичари, ова за вас важи

Роден бев и фрлен како отпадок во една држава која на мене имаше ефект како земјата на чудата над Алиса. Мојата учитељица ме вадеше за бекенбарда увек пред табла да ми опне некоја васпитна оти не сум стоел мирно и сум се клештел како зелен на сирените за Тито. Да. Тито беше мртов а нас живите мораше да ни паѓаат колениците од стоње на сирените у негова чест. Никад не ги сконтав ниту сирените, ниту оние солзи крокодилски на мојата учитељица. Тито го болеше кур у четвртаста рамка закачен над зелената табла. Се изнаеба за сите пари у своите 9 децении а не прцаше и покоен. Му стоевме мирно додека душата атеистичка му гореше у пеколот.
ШО СИ ПО НАЦИОНАЛНОСТ? ЈУГОСЛОВЕН ЈАЛИ МАКЕДОНЕЦ? Ќе ме питаше учитељица која задоволно климаше со глаата на сите шо ќе се кажеа као Југословени. Тоа беше плус за неа кај господинот директор. Шо повеќе Југословени у клас тоа поцврста фотеља за намќорот и повеќе ударци по газот на мојата прва водиља. Ту мори учетелке да знаев дека од тоа ти зависи сексот имаше да се кажам десет пати дека сум Југословен не еднаш. Ама копито неотесано. Фалц семка. Не научив и не научив.Растен у комуњарска средина создадов во себе антитела кон тој систем. Изрод.
Е сеа у ова наше време гледам една генерација родена у времето коа Кљусе и Киро го лупаа шампањацот по повод нашата независност. А да го ебам. Боље ич да не го лупаа и да не дадеа да истече по бината фира. За курово здравје и шампањац и ден на независност коа денес имаме повеќе Југословени од времето коа јадев стапои и ќотеци за мојата недисциплина.

Целиот пост прочитајте го на блогот на Комита

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

22.05.2014 - 22:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега