Пресек на пожари до 13 часот: Пожарникарите гасат на шест локации

 


Според најновите податоци заклучно со денеска до 13:00 часот, на територијата на Северна Македонија се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, 6 се сè уште активни, 4 се ставени под контрола, додека 4 се целосно изгаснати.

Активни пожари (6):

  1. Општина Василево, Радовиш и Берово: Пожарот во атарот на с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

  2. Општина Прилеп: Во с. Бешиште, на место викано Бешишки Рид, со крак кон с. Градешница, гори мешана шума.

  3. Општина Македонски Брод: Во с. Црешнево, активен е пожар на ниска вегетација.

  4. Општина Штип: Пожар меѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

  5. Општина Карбинци: Во с. Јунузлија, активен е пожар во шума.

  6. Општина Зелениково: Во с. Гумалево, гори ниска и мешана вегетација.

Пожари под контрола (4):

  1. Општина Прилеп: Пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација).

  2. Општина Македонски Брод: Пожарот меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

  3. Општина Македонски Брод: Во с. Грешница (мешана шума и сува трева).

  4. Општина Желино: Пожарот меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).

Изгаснати пожари (4):

  1. Општина Ресен: Во с. Долно Перово (трска и ниска вегетација).

  2. Општина Македонски Брод: Во с. Латово (мешана шума).

  3. Општина Кочани: Во с. Нивичани (ниска шума и сува трева).

  4. Општина Кочани: Кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева).

25.07.2025 - 13:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега