ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Пендаровски и „братот“ на Заев, Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик

 


Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поданичката политика на Заев и СДС во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања.

СДС, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.

Дали СДС, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?

Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДС стои позади оваа антимакедонска иницијатива?

СДС делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.

Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДС повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

25.07.2025 - 10:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега