Младо момче направи хаос во полициската станица Чаир

 

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 45 минути во просториите на Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Полициска станица Чаир, полициски службеник бил физички нападнат од 20-годишниот Б.Д. од Скопје, кое претходно било лишено од слобода.

Полицискиот службеник вршел обезбедување на приведеното лице. Во еден момент лицето Б.Д. го нападнал полицискиот службеник, му ја искинал униформата, замавнал со стол кон него но не го удрил.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

05.09.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега