Му ставиле лисици на рацете на Табановце

 

Во 22 часот и 30 минути на Граничен премин „Табановце“, за излез од Република Македонија се пријавил 33-годишниот Л.Ј. од Република Албанија. При пасошка контрола било констатирано дека наведената патна исправа била оштетена. После тоа Л.Ј. бил приведен во полициска станица, а патната исправа со Потврда за привремено одземени предмети му била одземена.

Во 23.05 часот, лицето и патната исправа биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка. 

 

 

 

05.09.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега