ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада за само 3 месеци успеа да ја задолжи Македонија и граѓаните за 170 милиони евра

Расипништвото на оваа влада за само три месеци успеа да ја задолжи Македонија и граѓаните за 170 милиони евра, пари кој еден ден ќе треба да ги враќаат нашите деца, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За што се потрошени овие пари, за што нашите деца ќе враќаат милионски суми? Но, за владата на СДС овие пари со кои ги задолжија граѓаните не беа доволни па успеа од државните девизни резерви да стопат 177 милиони евра, пари за кој е врзан македонскиот денар и доколку се продолжи со топење на државните резерви ќе дојде до сигурна девалвација на денарот. Колку за споредба ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во капитални проекти. Капитални проекти како инвестиции во здравството и медицинска опрема, стои во соопштението.

Додека ВМРО-ДПМНЕ, се додава, инвестираше во капитални проекти, влада на СДС парите ги троши за партиски вработувања и исплата на долговите на Заев.

-ВМРО-ДПМНЕ целосно ја опреми болницата 8 Септември со најсовремена медицинска опрема со инвестиција од 5 милиони евра. Со парите кој СДС залудно ги потроши можеше да се опремат 69 болници како 8 Септември низ цела Македонија. Можете да си замислите какво подобрување би имало во целокупниот здравствен систем  со една ваква инвестиција. Неспосбноста на СДС нема граници нивното расипништво досега ги чинеше граѓаните 344 милиони евра. Уште колку милиони евра треба СДС да потроши од парите на граѓаните за ова лудило да запре. Едиствен начин да се сопре ова лудило е со глас за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 15 октомври. Делегитмацијата на оваа влада е неизбежна, граѓаните на 15 октомври ќе и дадат црвен картон на владата на СДС и нејзините расипнички пполитики, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

06.09.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега