ВМРО-ДПМНЕ: Хаос, лаги и понижување е се што видовме од владата на СДС во првите 100 дена

Неспособност, хаос, лаги и понижување е се што видовме од неспособната влада на СДС во првите 100 дена. Сведоци сме дека владата на СДС одбра политика на понижување. Политика на попуштање на се и сешто и национално понижување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред изборите ветуваа брз влез во НАТО и брзо почнување на преговори со ЕУ. Тоа што ветија не го исполнија. Не само што не станавме членка на НАТО и не ги започнавме преговорите со ЕУ, туку се обидуваат да ги измамат граѓаните обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, односно остранување на условеноста на препораката. За овие 100 дена се случи и една од најголемите дипломатски кризи со соседна Србија, а со Бугарија потпишавме договор кој предвидува обврски само на македонска страна. Ревидирање и бришење на учебниците по историја е еден од условите кои Зоран Заев ги прифати, а беа предложени од Бугарија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо, се додава во реакцијата, да ги бранат интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, владата на СДС се залета да носи стратегија за згрижување на стотици илјади мигранти.

-Макроекономските показатели покажуваат катастрофален пад надолу. Имаме минусни салда на индустриското производство, платите, извозот, градежништвото, БДП, девизните резерви. Дополнително неспособната влада на СДС се откажува од 60-тина странски инвестиции со потенцијални над 25 илјади работни места. Со СДС економијата и стандардот на граѓаните оди надолу. СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите не им помагаат веќе, граѓаните на претстојните локални избори ќе го казнат СДС, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

09.09.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега