Кузмановска: СДСМ во вторник ќе не задолжи за уште 60 милиони евра

СДС ја турка Македонија кон неизбежен банкрот. Неспособноста и расипништвото на СДС веќе ја уништува државната економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС за само 100 дена успеа да задолжи над 350 милиони евра, пари на граѓаните, наши пари немајќи започнато ниту еден капитален проект од витално значење за граѓаните. Тие истопија 177 милиони евра од државните девизни резерви и ја задолжија Македонија 170 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаат нашите деца. СДС во вторник ќе не задолжи за дополнителни 60 милиони евра, со што сумата за која новата влада не задолжила ќе се искачи на 230 милиони евра. Владата забрзано се задолжува, без да им каже на граѓаните за што ќе се трошат овие огромни суми. Додека владата крие за што ги троши парите од задолжувањето, во исто време потроши 59 милиони евра за патни трошоци, договорни услуги, набавка на мебел и инвентар и привремени вработувања.  Граѓаните платија 59 милиони евра за да се вработи бабата на Рашковски, да се купи нов мебел во кабинетите на вработените од СДС. Додека владата без усул ги троши парите на граѓаните фамилиите на Анѓушев и Заев на своето фамилијарно буџетско конто инкасираат милиони евра.Владата на СДС предводена од црната тројка за македонската економија, Заев, Анѓушев и Тевдовски забрзано ја туркаат државата кон банкрот. Додека тие енормно се задолжуваат на сметка на државата, преку тендери црпат милиони евра од државната каса за семејните фирми, вработуваат партиски потрчковци на државна сметка и купуваат скап мебел за своите кабинети, истакна Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека граѓаните ќе кажат стоп, за уништувањето на македонската економија, граѓаните ќе кажат стоп за повисоки даноци, граѓаните ќе кажат стоп за хедонизмот и расипничкото трошење на неспособната влада на СДС. На 15-ти октомври ќе се стави крај на расипништвото на владата на СДС.

 

 

 

15.09.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега