Франгов и Поцков кандидати за градоначалници во Гевгелија

До истекот на законскиот рок, синоќа до полноќ, до Општинската изборна комисија во Гевгелија за претстојните локални избори биле доставени пет кандидатски листи за советници од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Народно движење за Македонија и една независна листа, како и две кандидатски листи за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Неофицијално, за функцијата градоначалник на Гевгелија се кандидирани Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ, се уште актуелен градоначалник, и Сашо Поцков, претседател на Општинската организација на СДСМ во Гевгелија.

Во ОИК Гевгелија моментно се утврдува дали листите се поднесени во соодветниот рок и дали се составени во согласност со одредбите од Изборниот законик. Доколку немаат неправилности тие ќе бидат потврдени со решение во рок од 48 часа, кога истекува и рокот за поднесување жалби, по што ќе бидат доставени до Државната изборна комисија.

 

 

 

15.09.2017 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега