Прегазена малолетничка - се бори за живот на скопските Клиники

Околу 22 часот и 55 минути во Кичево на улицата „11-ти Септември“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило “Митцубиши“ со охридски регистерски таблици управувано од 25-годишниот М.Ц.  од Кичево удрило во пешак на возраст од 15 години од Кичево.

Во незгодата со телесни повреди во пределот на главата и телото се здобил пешакот која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Кичево, бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.09.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега