На Левица им ја вратиле листата во Ѓорче - имале многу жени за советнички

На Левица не им ја прифатиле листата за советници за Општина Ѓорче Петров оти на неа имало поголем број жени од предвидениот процент, односно немало доволно мажи, пренесе Сакамдакажам.

„Ни ја вратија листата за Ѓорче Петров затоа што на неа имало повеќе жени. Ех, што ти се изборни правила во Македонија. Очигледно имаме повеќе жени на листата од тоа што требало. Мислам дека се работи за една жена повеќе. Па сега ќе треба да замениме една жена со еден маж на листата. Цела среќа што имаме човек со документи во резерва, инаку ќе ни ја паднеа листата“, напиша на својот фејсбук профил членот на Левица Здравко Савевски.

Од Државната изборна комисија (ДИК) велат дека на листите за совети треба да има најмалку 40 отсто застапеност на мажи или на жени. Во случајот со Левица, на нивната листа немало доволен број мажи, па затоа им била вратена.

Според Изборниот законик, најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

Левица за локалните избори до општинските изборни комисии достави 11 советнички листи и три кандидатури за градоначалник и тоа Марија Џонс за Скопје, Александар Митров за Центар и Зоран Тренчевски за Гази Баба.

 

 

 

18.09.2017 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега