Законот за стечајците на собраниска расправа

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на која треба да расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон. На дневен ред на оваа седница се и предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесен од група пратеници. Во рамки на 12. седница се и Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог законот за издавање вредносни бонови - ваучери, поднесени од опозицијата. По завршување на оваа седница, пратениците треба да ја продолжат 15. седница на чиј дневен ред се Предлог на закон за употреба на јазиците, предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија и Предлог на закон за издавање на вредносни бонови – ваучери, сите во I читање. Пратениците ќе расправаат и за работата на министрите за финансии Драган Тевдовски, за култура Роберт Алаѓозовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураку. 

 

 

 

19.09.2017 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега