Денеска пекол од утре за 12 степени пониски температури - ова се моменталните температури
Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозападен ветер, повеќе изразен во западните делови. УВ индексот ќе има вредност 6.
Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.
Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи.
В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 10 до 12 степени.
Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.
Ова се моменталните температури:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа