Укината радиодифузната такса

Укината радиодифузната такса, која беше воведена во 2005 година, токму од владата на СДСМ. Со 70 гласа за и ниту еден против и воздржан, пратениците денеска ги усвоија измените во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, предложени од СДСМ.

Претходно кон средината на месец јули идентичен предлог закон во Собранието стигна и од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кој тогаш помина на собраниска комисија за транспорт и врски. ВМРО- ДПМНЕ тогаш ја обвини власта дека не ги исполнува своите предизборни ветувања. СДСМ пак рече дека опозицијата била лицемерна, зашто пред неколку месеци била против укинувањето на радиодифузната такса, додека во месец го препишала нивниот закон.

„Да ги ослободиме граѓаните од една не природна давачка, зашто сите не се корисници на Јавниот радиодифузен сервис“, рече Томислав Тунтев - СДСМ.

„Што добива парламентарното мнозинство  со ваквиот гест да предлага повторно измени и дополнувања на законот за аудиовизуелни медиумски услуги кога такво законско решение, постои се наоѓа на дневен ред на број 8 на собраниска седница“, рече Лилјана Затуроска - ВМРО ДПМНЕ.

Со законот се предвидува приходот, што досега го добиваше Македонската радио телевизија, преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет, што всушност значи дека давачката повторно ќе ја плаќаат граѓаните, но сега за тоа државата ќе треба да најде друг начин.

На самиот почеток на продолжението на денешната 12 тата собраниска седница пред група стечајни работници, пратениците едногласно со 82 гласа за, и ниту еден воздржан и против го усвоија и законот за стечајни работници.

„Дека никој повеќе нема да добие можност да ги турка и да ги тепа, да ги изведува од автобуси и да ги тормози, затоа што со Република Македонија  раководат одговорни луѓе и водат и креираат одговорни политики кои што се во интерес на сите граѓани“, рече Максим Димитриовски - СДСМ.

„Овој закон што го гласавме денеска за кој дадовме поддршка се согласувам дека треба да биде донесен и дека треба да заврши голготата на стечајците, но како можете да аплаудирате кога на овие луѓе им скративте повеќе од две децении од нивниот живот“, рече Слаѓана Митовска - ВМРО ДПМНЕ.

Со овој законот на околу 3.000 лица им се овозможува да добиваат месечен надомест од 8.356 денари. Сите овие стечајци останаа без своите работни места во времето на криминалната транзиција и приватизација која беше спроведена додека мандатот го имаше СДСМ.
Вчера пак на 12 тата собраниска седница беше изгласан законот за минимална плата од 12.000 денари.

 

 

 

 

 

19.09.2017 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега