Четири прилепчани тешко повредени во сообраќајката пред Кавадарци

Четири лица од прилепско се повредени во сообраќајката која вечерва се случи на патот Градско-Прилеп кај кавадаречкото село Фариш.

Како што соопшти Лиза Бендевска од МВР во сообраќајката учествувале три возила, пренесува Плусинфо.

Доктор Антоан Паракеов од Брза помош при Здравствен дом Кавадарци информирал дека три лица се упатени на одделението за хирургија при кавадаречката болница. Хирургот Благоја Митев соопшти дека едно од лицата е пуштено на домашно лекување.  

 

 

 

 

 

19.09.2017 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега