Бугарија менува закони: Бугарски пасош ќе се вади за само 6 месеци

Бугарскиот заменик премиер Валери Симеонов за време на тркалезната маса на тема „Демографски политика и трудова мобилност“, изјави дека во моментот дури 53 000 апликации со соодветните приложени документи на 53 000 граѓани на Македонија не можат да станат бугарски државјани, поради одредени недостатоци во законодавната база.

Симеонов истакна дека една од целите на бугарската влада е скратувањето на рокот за добивање на бугарско државјанство до 6 месеци.

„Нашата цел е да го скратиме рокот за добивање бугарско државјанство при целосно исправни документи за 6 месеци. Тоа е нормален период, како од овие 6 месеци – 4 месеци и 17 дена ќе бидат процедурите што се вршат во рамките на извршната власт и останатото време ќе биде, за да може потпретседателот да го потпише соодветниот указ на лицето што треба да добие бугарско државјанство. Нашата работа продолжува, имаме некои проблеми поврзани со несовршеноста на законите „, рече Симеонов.

Заменик претседателот на бугарската Влада и се заблагодари на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која исто така се ангажирала во дискусијата за изнаоѓање на решение за прашањето за олеснување на режимот за добивање од бугарско државјанство.

 

 

 

19.09.2017 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега