Детали за несреќата: Со автомобил влетал во Вардар, младо момче во болница

Едно лице е повредено откако автомобил „Пежо“ утринава влета во водите на Вардар, кај мостот пред Сарај.

Случаен минувач утринава го пријавил настанот во полицијата велејќи дека забележал автомобил „Пежо“ како влетал во водите на реката непосредно пред мостот кај Сарај.

Повреден е 25-годишниот Н.А. од село Буковиќ кој итно е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

 

 

 

20.09.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега