Димовски: Сугаревски пред сите во собранието призна дека свесно се кочела изградбата на автопатите

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денес се заблагодари на Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески што конечно пред целата македонска јавност призна дека цели три месеци автопатите Миладиновце – Штип и Кичево – Охрид биле свесно кочени, а не како што ја манипулираа јавноста дека била промашена трасата или некој друг проблем.

Димовски посочи дека самиот Сугарески со предлог новиот закон кој што бара продолжување на рокот за изградба јасно се гледа дека не се потребни никакви дополнителни финансиски трошоци за автопатите или корекција на трасата единствено само се продолжува рокот на изградба бидејќи СДСМ автопатите ги стопираше и се обиде да ги искористи овие важни инфраструктурни проекти во политичка кампања.

 

 

 

20.09.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега