Драма синоќа на Партизанска - интервенирале Алфите

Во 23 часот синоќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје,  во непосредна близина на трговскиот центар „Антико“ при вршење на служба, сообраќајната патрола, поради сторен сообраќаен прекршок сопрела патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки со кое управувал 34-годишниот Ф.А. од Скопје.

Во моментот кога тој излегол од возилото за да им ги даде на увид патните документи на полицајците, непознато лице кое се затекнало на наведеното место физички  го нападнало едниот полициски службеник, по што и возачот Ф.А. се приклучил и го удрил, а околу службеното возило се собрале повеќе граѓани и се обиделе да ги попречат полицислите службеници во превземањето на понатамошните службени дејствија.

По добиена дојава за настанот, на лице место пристигнале полициски службеници од Полицијата Карпош, Ѓорче Петров, сообраќајна полиција и Алфа тим, по што Ф.А. е приведен и се превземаат мерки за расветлување на случајот.

 

 

 

20.09.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега