Трагедија попладнево во Македонија: паднал од покрив, починал во болница

Во тетовската клиничка болница денес околу 11 часот бил донесен 61-годишниот Е.И. од Палатица со тешки телесни повреди на главата и телото.

По укажаната лекарска помош, итно е упатен на скопските клиники, но на половина пат за Скопје, тој им подлегнал на задобиените повреди.

Шеесет и едногодишниот Е.И. со неговиот 20-годишен внук, непосредно пред тоа, работеле на покрив од куќа на нивен роднина, наеднаш се лизнал и паднал од 10-тина метри височина на бекатонската подлога.

Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Е.И. предадено му е на семејството.

 

 

 

20.09.2017 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега