Тинејџер возел без дозвола и излетал од пат па завршил во болница во Скопје- сопатникот тешко повреден

Две лица, од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21 часот и 50 минути се случила на патот Битола-Прилеп.

Прилепчанецот 19- годишниот .М управувајќи „Мазда 626“ изгубил контрола над возилото, најверојатно поради неприлагодена брзина, и излетал од патот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот 18- годишен М.Б. од Прилеп кој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, додека возачот со полесни повреди бил пренесен во прилепската болница.

Неофицијално, М.М. го управувал возилото без возачка дозвола и истото било нерегистрирано.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

21.09.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега