Груевски: Малите бизниси мора да стануваат средни, а средните бизниси да стануваат големи

Малиот и среден бизнис се основата на економската политика на граѓанската десница. Малите бизниси мора да стануваат средни, а средните бизниси да стануваат големи, ова вечерва од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ именувана како „Нова Ера“ го истакна лидерот на партијата Никола Груевски.

-Нов циклус на регулаторна гилотина, воведување на електронски и интернет услуги за потребите на малиот и среден бизнис се само дел од мерките кои ќе обезбедат заштеда на трошоци во средства и време, што ќе придонесе за поголема акумулаци и можности за инвестиции и ширење на овие бизнисите. Речиси секоја општина ќе има изградени со инфраструктура индустриски зони со слободни локации по ниска цена. Инспекторати кои ќе работат исклучиво по закон, гарантирање на владеењето на правото се нужност која мора и која ќе биде остварена, а тоа ќе го подобри малиот и среден бизнис, вели Груевски.

Тој истакна дека мора да има поголем профит за малиот и среден бизнис е крајната цел.

-Социјалната држава е интегрален дел на едно општество како што го гледа граѓанската десница.  Социјалната правда е уставна категорија и мора да биде испочитувана. До последен атом ќе се бориме за искоренување на сиромаштијата. Граѓанската десница мора да помага на помалку моќните, обесхрабрените и социјално раливите.  Вработувањата и растот на економијата се двигател на нашата поента за налаување на сиромаштијата за 3/4 од онаа што е постоечка. Најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Најсигурниот и најодржлив начин за излегување од сиромаштијата е образованието засновано на знаее и креативни весштини, потенцираше Груевски.

 

 

 

22.09.2017 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега