Попоски: СДСМ со ставање на европското знаме сака да манипулира со законот за јазици

Наведував повеќе примеро во Европа за тоа дека нема никаква врска помеѓу унитарен карактер и јазична политика, помеѓу проценти и јазична политика, помеѓу повеќе заедници и јазична политика, истакна Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

–Конкретно имате земја која е чиста федерација, Белгија, која практикува мултилингвизам и имате земја која е целосно централизирана, Словачка, која исто така практикува мултилингвизам. Помеѓу едното и другото нема еквивалент, значи повторно манипулираме со тоа што го ставаме европското знаме над тоа, вели Попоски.

 

Тој потенцираше еден карактеристичен индикатор за мене е она што го спомнавте во однос кон глобите, високи глоби генерално се поврзани со репресивен закон и со нешто што се наметнува, тоа беше една од критиките на оние кои дојдоа на власт преку револуција. Доколку имате револуција затоа што некој е репресивен првиот метод кој треба да го елиминирате е репресивниот.

 

 

 

23.09.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега