Македонија 7-ма по ред во светот по фрлање храна
Македонија е гладна, а се фрлаат по пет илјади тони храна годишно. Стопанската комора започна кампања што помалку храна да се фрла во ѓубре. Оваа иницијатива е обидт да се обезбеди јадење за оние кои имаат потреба и да се намали комуналниот смет.
Иницијативата има поддршка од власта и бизнис-секторот, а формирана е и работна група за подготовка на предлог-закон со кој од компаниите ќе се бара да бидат ослободени од ДДВ за храната која ќе ја донираат за семејства кои имаат потреба.
Според оваа анализа, најмногу храна фрлаат големите маркетите, а потоа следуваат рестораните и домаќинствата.Според податоците од Државниот завод за статистика, во земјава 445.000 илјади луѓе јадат по само еден оброк, а според една американска студија, Македонија е рангирана на седмото место во светот по фрлањето храна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа