Мислав Галер нов извршен директор на „оне.Вип“
Нов извршен директор на телекомуникациската компанија „оне.Вип“ ќе биде Мислав Галер, кој ќе дојде на местото на досегашниот директор Димитар Ковачевски.
Компанијата денеска соопшти дека обврските на новата позиција Галер ќе ги превземе од октомври, а Ковачевски ќе остане во компанијата до крајот на годината со цел да помогне во веќе започнатите проекти коишто се однесуваат на зацврстување и позиционирање на брендот на компанијата.
Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија.
25.09.2017 - 18:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа