Инцидент во затворот Идризово

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ за медиумите потврди дека денеска имало инцидент во затворот „Идризово“, но оти со подетални информации ќе излезе во текот на утрешниот ден откако ќе направи увид на терен.

- Во текот на утрешниот ден очекувам писмен извештај за настанот од директорот на затворот и заедно со инспектори ќе излеземе на терен за да ја утврдиме состојбата и да испитаме што точно се случило таму, рече Стојановиќ.

Некои медиуми денеска објавија дека тројца затвореници се качиле на покривот на затворот „Идризово“ и фрлале ќерамиди во знак на револт. Тие барале средба со директорот на затворот Ќерим Махмути. 

Извор: МИА

 

 

 

25.09.2017 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега