Полиција ги сопреле на „Меџитлија„ и кај жена нашле хашиш: Се правдала дека го користи против болки

Вчера во 16 часот и 30 минути на крстосницата за село Меџитлија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“ било запрено патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 55- годишниот Т.Н од Битола.

Како сопатничка во возилото била затекната 51- годишната Е.Б од Република Албанија. 

Полициските службеници извршиле преглед кај Е.Б. при што била пронајдена една најлонска ќеса со непозната растителна материја и една алуминиумска фолија со непозната растителна материја за која се изјаснила дека е опојна дрога „хашиш“ која ја користела за намалување на болки затоа што боледувала од „канцер“.

Е.Б. била приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

 Во 18 часот и 45 минути лицето и пронајдените предмети биле предадени на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Битола за понатамошна постапка.

 

 

 

 

27.09.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега