Трпески: Владата го гласаше, а Рашковски сам си го потпиша своето назначување за хонорар од 500 евра по седница

Владата на СДС само декларативно се залага за транспарентност, во реалноста далеку од очите на јавноста работи нетранспарентно и незаконски, истакнува Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено Драги Рашковски, Генерален секретар на владата се самопредложи за владин претставник во Собранието на акционери на Македонски Телеком. Владата го гласаше, а Рашковски сам си го потпиша своето назначување за хонорар од 500 евра по седница. Во владиното соопштение за 19-та седница одржана на 3-ти август нема ниту збор за скандалозното самоназначување на Рашковски за владин претставник во Телеком. Ова именување е спротивно на закон. Имено Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на влада да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком. Значи, Рашковски сам си определил спротивно на закон да биде владин повереник за хонорар од 500 евра по седница. Бараме расипничката влада на СДС да понесе одговорност, подитно Рашковски да се повлече од позицијата претседател на Собранието на акционери на Телеком или од позицијата Генерален секретар на владата. Ова е уште еден пример како кадрите на Заев се богатат на сметка на државата и ги полнат своите џебови, посочи тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека казната и вистинската порака СДСМ  ќе ја добијат на 15-ти октомври кога народот ќе ги казни за ваквото самоволие.

 

 

 

 

 

27.09.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега